Доброто управување полесно се практикува со воспоставен внатрешен систем
„Одговорно работење и етичко финансирање на граѓански организации“ беше темата на еднодневната работилница, што се одржа во хибриден формат на 14 јули 2022 г. во хотел Холидеј Ин, Скопје и онлајн на платформата ЗООМ. Седумнаесет претставници на граѓанските организации дискутираа за зајакнувањето на ГО за почитување и практикување на заложбите од Кодексот за граѓански организации. Работилницата на која се зборуваше за транспарентноста и отчетноста во организациите и нивната важност, организациските политики, практики и секојдневни операции, но и за предизвиците кои постојат во практикување на доброто владеење и етичкото финансирање од Кодексот, ја фасилитираше Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.
Во првиот дел, учесниците дискутираа за разбирањето на организациите за значењето и важноста на транспарентноста и отчетноста и нивната посветеност кон оваа вредност која се манифестира внатрешно во нивните политики како и во нивните практики и секојдневно работење. Понатаму разговараа за предизвиците со кои се соочуваат додека ги координираат своите активности и како ќе ја унапредат својата работа, почитувајќи ги принципите на добро владеење и етичко финансирање. „Организацијата практикува добро управување кога има воспоставен внатрешен систем кој обезбедува дека организацијата му служи на јавниот интерес. Кодексот преставува збир на принципи. Како тие ќе се применат во голема организација или во новооснована организација ќе биде различно, но секогаш е важно принципот да биде запазен“, е заклучокот од првата практична вежба посветена на доброто управување. Присутните се согласија и дека во секторот многу малку се зборува за спречување на судир на интереси. „Еден од најдобрите начини за справување со судири на интереси е тие целосно да се избегнат“, посочија учесниците дискутирајќи што е судир на интереси, законската рамка, најчестите форми како и начините за справување со судир на интереси.

Во вториот дел, Марија Вишинова од Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН), направи краток преглед на Глобалниот стандард (ГС) за отчетност на ГО и напорите да им помогне на организациите да ги усвојат, имплементираат и зајакнат практиките за отчетност, дополнително истакнувајќи ги напорите на БЦСДН и Глобал Стандард (ГС) за поддршка на Кодексот на граѓанското општество и граѓанските организации во нашата земја. Некои од точките за време на дискусијата се рефлектираа на механизмот за проверка за усогласеноста на граѓанските организации со Кодексот, неговата одржливост, и можноста за ревизија во иднина. Учесниците, исто така, беа запознаени со некои од основните материјали и ресурси на ГС, дванаесетте заложби за ГС и можноста за приклучување кон Групата за практика на динамична отчетност, глобалното учење и просторот за споделување знаење за Динамичка отчетност.
Настанот заврши со дискусија и препораки за идната институционализација на Кодексот и нивните напори за зајакнување на внатрешните капацитети, истовремено промовирајќи и обезбедувајќи функционална демократија и оперативна средина на граѓанското општество во земјата.
Досега, вкупно 70 граѓански организации се потпишаа, а сите заинтересирани организации кои сакаат да пристапат на Кодексот ќе може да го направата тоа пополнувајќи ја следната изјава (deklaratë për pranimin e Kodit). Изјавите се депонираат во Македонскиот центар за меѓународна соработка на следниот е-маил: asv@mcms.mk.Со пристапување, организациите стануваат дел од платформата за развивање на Кодексот и подобрување на транспарентноста и отчетноста на граѓанскиот сектор.

Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.