Цивика мобилитас на Д-фестивал во Дојран
Цивика мобилитас ве поканува да учествувате на настаните што ќе ги организира во рамките на „Д-фестивалот“ во Дојран што се одржува од 17 до 19 јули 2015 година.
Посетете ја Информативната сесија за Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“, што ќе се одржи на 18.7.2015 г., од 10.00 до 11.30 ч. На сесијата ќе бидат презентирани можностите кои програмата ги нуди за вклучување на граѓанските организации, неформалните здружувања и граѓаните. Посебен акцент ќе се даде на важноста на граѓанскиот ангажман, поточно на вклучувањето на граѓаните во граѓанските организации.
Учествувајте на Форумот – Граѓаните за промена, што ќе се одржи на 19.7.2015 г., од 10.00 до 11.30 ч. Тема на форумот е граѓанскиот ангажман во Македонија, поточно вклученоста на граѓаните во иницирањето и постигнувањето општествени промени.
На Форумот ќе биде разговарано за тоа:
- Колкава или каква критична маса е потребна за предизвикување општествена промена?
- Што е потребно за да се постигне потребната критичната маса?
- Како да се мобилизираат граѓаните за општествени промени? Традиционални и/или модерни методи и алатки?
На форумот ќе презентирани искуства, пример, активности во Македонија поврзани со постигнувањето критична маса за иницирање и правење општествени промени. Воведничари ќе бидат претставници на актуелните неформални здружувања.

Цивика мобилитас денес го објави
Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.