Започна административна проверка на пријавите за акциски грантови
На повикот за акциски грантови АКТ-05 на Цивика мобилитас пристигнаа 108 пријави, од кои 93 беа поднесени на последниот ден, а дел и по истекот на рокот. Денес (4.3.2020г.) започна проверката за административна усогласеност и подобност на пријавите.
Се очекува да се поддржат 10 организации кои ќе бидат познати до крајот на март, по што сите пријавени организации ќе бидат известени, а со добитниците ќе бидат склучени договорите.
Повикот за акциски грантови беше објавен на 3 февруари 2020 година, а заинтересираните граѓански организации и непрофитни научно-истражувачки установи имаа можност да ги поднесат нивните пријави до 3 март 2020 година. За повикот се организираа три информативни сесии кои се одржаа на 13 и 14 февруари, а ги проследија околу 80 претставници на граѓански организации.

Цивика мобилитас денес го објави
Улогата на граѓанските организации во решавањето на општествените проблеми, особено на актуелната политичка криза беше главната тема на панелот што се одржа во рамките на Националниот форум на Цивика мобилитас насловен „Време на предизвици“ на 16 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Струга.