Голем број заинтересирани за новите акциски грантови

Околу 80 претставници на граѓанските организации ги проследија трите информативни сесии за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас кои се одржаа на 13 и 14 февруари 2020 година во просториите на МЦМС. Тие слушнаа повеќе за повикот, за тоа какви активности се очекуваат од организациите, за типот на трошоци кои можат да бидат финансирани, за содржината на пријавата и сл.
Тимот на Цивика мобилитас детално ја објасни постапката за аплицирање и содржината на пријавата. Учесниците имаа можност да ги разјаснат нивните недоумици и на самото место да добијат одговори на конкретните прашања во врска со програмата и повикот. Прашањата најчесто се однесуваа на буџетот и кои се подобни трошоци; каде во буџетот треба да се прикажат трошоците за волонтери, експерти и хонорари; дали е дозволена соработка со бизнис секторот; која е разликата меѓу партнерите и соработниците; подобноста за аплицирање на новосоздадените организации, како и за подобноста на конкретни специфични активности.
Дел од прашањата беа одговорени на информативната сесија, а останатите ќе бидат одговорени и објавени на е-платформата на Цивика мобилитас.
Повикот за акциски грантови беше отворен на 3 февруари. Рокот за поднесување на пријавите е 3 март 2020 година. За прашања поврзани со повикот, организациите можат да контактираат со канцеларијата на Цивика мобилитас најдоцна до 22 февруари 2020 година на е-пошта: helpdesk@civicamobiltas.com
Предложените активности треба да траат најмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 18 милиони денари.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Објавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.
Миграциите беа носечката тема на десеттиот регионален форум на Цивика мобилитас кој ги опфати вардарскиот и североисточниот регион, а се одржа на 14 јули 2016 г. во Свети Николе. Вкупно 69 претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани беа дел од овој речиси целодневен настан.
Цивика мобилитас, денес (17 мај 2016 година) ги промовираше новите 48 грантисти и тоа институционалните грантови за 20 граѓански организации, специфичните акциски грантови за седум граѓански организации, мали акциски грантови за 12 граѓански организации и ад хок грантови за девет граѓански организации.