Соработката во фокусот на новиот број на „Граѓаните за промени“
Цивика мобилитас денес го објави третиот број од списанието „Граѓаните за промена“ кој во фокусот ја има соработката на граѓанските организации која е во основата на нивното постоење и функционирање.
Погледнете го магазинот на соодветниот јазик:
Прочитајте за „Зелена лупа“ кои го заживуваат законот за пробација во Струмица и за Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) кои го објавија регистарот на професионални онлајн медиуми. Во последниот квартал на 2019 година, организациите здружено одбележаа и неколку значајни денови како меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, деновите на медиумска писменост и меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Во преостанатите теми на магазинот можете да најдете повеќе информации за Истражувачкиот филмски фестивал на ПИНА, новата апликација „Чисти и здрави“ која ќе поттикне нови еко-свесни генерации, како и за конференцијата на Коалицијата „Сите за правично судење“ каде ги презентираа резултатите од мониторингот на кривични постапки од областа на семејно насилство и родово базирано насилство во текот на 2019 година.
Здружението Хорус го објави Годишниот извештај за состојбата со филантропијата во Mакедонија во 2018 година каде здруженијата се втор најголем примател на донации, а слободата на граѓанско здружување беше накратко нарушена со предлог-измените на Владата со кои правото на протест беше значително ограничено.
„Граѓаните за промена“ е списание за граѓанското општество и на граѓанското општество. Бидете дел од него, испратете ни информации за Вашите активности и резултати.
Пишувајте, читајте и споделувајте за посилен граѓански сектор.

Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.
Со организирањето на форумот за пелагонискиот и југозападниот регион, во петок, на 24 јуни 2016 година во Битола, започнува новиот циклус