Информативна сесија за повикот за акциски грантови [ЦМ-АКТ-06]
Цивика мобилитас ги поканува на информативна сесија сите организации заинтересирани да поднесат пријава на третиот повик за акциски грантови. Сесијата ќе се одржи на 16 февруари 2021 година со почеток во 11 часот онлајн, преку платформата ZOOM.
Тимот на програмата подетално ќе информира за повикот, за неговите специфики, за очекувањата од грантистите, за тоа кои трошоци се подобни и што содржи пријавата. Во текот на сесијата може да поставите прашања кои ви се наметнале при подготовката на пријавата.
Прашањата можете да ги поставите и пред сесијата на helpdesk@civicamobilitas.mk или за време на информативна сесија.
Повикот за акциски грантови е отворен до 3 март 2021 г.
Линкот за пристапување:
https://us02web.zoom.us/j/89484408357?pwd=Nnk4WURSK2ZJVUl3ZHZHeTExQmpDZz09
Passcode: 509288

Што значи и зошто е важна мобилизацијата на заедницата, која е целта, мотивот и каква е улогата на граѓанските организации? Овие прашања беа само дел од воведните излагања и дискусиите кои се развија на тематскиот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 13 октомври 2016 година во Едукативниот центар М6 во Скопје.
„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.