Избрани малите акциски грантови

Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на првите организации кои поднесоа пријава на повикот за мали грантови во новата фаза на Цивика мобилитас (ПЦМ-МАК-02).
Добитници на мал грант се осум организации и тоа:
- Здружение за заштита и унапредување на животната средина „Еко логик“ Скопје
- Здружение за развој и унапредување на ромската заедница „Романо Чачипе“
- Здружение за еднакви можности и меѓуетничка соработка АЛ-МА, Скопје
- Здружение „Еко правда“ Валандово
- Здружение за рехабилитација и инклузија за лица со даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје
- Здружение на граѓани Центар за истражување и анализи „Новус“ Струмица
- Здружение на граѓани „Нексус- граѓански концепт“, Скопје
- Здружение за еднакви можности „Мрежа Стела“ Скопје
Новите грантисти делуваат во седум различни сектори и тоа развој на граѓанско општество; деца, млади и студенти; човекови права; меѓуетнички односи; лица со посебни потреби; демократија и родови прашања.
Повикот за аплицирање за мали грантови останува отворен до 30 јуни 2022 г. Пријавите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.
„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.
Објавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.