Специјалната награда за амбасадорката Тејада е награда и за Цивика мобилитас
Амбасадорката на Швајцарија, Н.Е. Сибил Сутер Тејада, доби специјална награда на свечената седница на Советот на општина Струмица за поддршка на општината со различни проекти. Швајцарија повеќе од 10 години ги поддржува локалните авторитети, граѓаните и граѓанските организации на Струмица кои заедно ги менуваат условите за живот на подобро.

„Преку граѓанските форуми, но исто така и преку нашата програма за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас, ние го поддржавме Покров, којшто е уникатен пример за реинтеграција и за социјална инклузија. Во таа смисла, би сакала да ја спомнам значајната работа завршена од страна на ‘Зелена лупа’, која што помага во реинтеграцијата и ресоцијализацијата на поранешни осуденици, што е една од најбитните мерки за социјална и општествена инклузија“, рече амбасадорката во својот говор.
Покрај неа, здружението „Вера“ доби награда за особен придонес во социјалната заштита, Ристо Тасев во областа на новинарството, Светлана Маџункова во областа на медицината, Томе Ефтимов во областа на науката итн.
Советот на општината секоја година одржува свечена седница на Денот на заштитниците на Струмица „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“, на која доделува награди на личности кои дале посебен придонес за општината во различни области.


Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.
„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.