Голем интерес и одговорени прашања на инфо сесијата за акциски грантови
Околу 300 претставници на граѓанските организации ја проследија првата информативна сесија за повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас, од кои 110 ја следеа онлајн. Тие слушнаа повеќе за повикот, за тоа какви активности се очекуваат од организациите, за типот на трошоци кои можат да бидат финансирани, за содржината на пријавата и сл.

Тимот на Цивика мобилитас детално ја објасни постапката за аплицирање и содржината на пријавата. Учесниците имаа можност да ги разјаснат нивните недоумици и на самото место да добијат одговори на конкретните прашања во врска со програмата и повикот. Дел од прашањата се однесуваа на тоа каков тип на организации можат да поднесат пријави за проект, а кој се може да биде во улога на партнер или соработник; каков треба да биде статусот на лицата кои ќе бидат ангажирани на проектот; дали организациите кои ќе бидат дел од овој повик, во било која улога, можат да побараат и друг тип грант од Цивика мобилитас; дали парите од проектот можат да се користат за инфраструктура итн.
Сите поставени прашања за време на информативната сесија ќе бидат и јавно објавени и одговорени на е-платформата на Цивика мобилитас.

Повикот за акциски грантови беше отворен на 26 февруари. Рокот за поднесување на пријавите е 25 март 2019 година. За прашања поврзани со повикот, организациите можат да контактираат со канцеларијата на Цивика мобилитас најдоцна до 15 март 2019 година на телефон 02/3065 381 или на е-пошта: helpdesk@civicamobiltas.com
Предложените активности треба да траат нахмалку 12, а најмногу 24 месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 1.000.000 и 1.800.000 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 20 милиони денари.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.
На 23 септември 2015 година, во Домот на младите во Штип, се одржа
Денес (18 ноември 2014 година), во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше промовирана новата фаза на програмата Цивика мобилитас која им е наменета на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество и ќе трае четири години.