„Да научиме трајно да живееме заедно е предизвик!“
„Нема состојба или проблем што не може да се надмине или реши ако има критична маса разумни луѓе, а такви најдов во граѓанскиот сектор“, рече меѓу другото Лилјана Поповска на денешната (19.10.2017 г.) промоција на нејзината публикација „Мултикултурни поврзувања во граѓанскиот сектор во Република Македонија – влијание врз јавните политики и социјалната кохезија“.

Според неа и мултикултурализмот и граѓанскиот сектор се своевидни предизвици на времето во кое живееме. „Некои настани циклично ни се случуваат, важно е да ги предвидиме и да интервенираме пред да се случат“, додаде таа.
Сашо Клековски, како еден од промоторите, истакна дека е мал бројот на автори кои пишуваат за граѓанското општество, а тоа е особено значајно сега кога целиот сектор се стигматизира. Тој се осврна на соработката на граѓанскиот сектор со институциите која, како што рече, ќе биде голем предизвик. „Во нашето општество е создадена перцепција дека граѓанскиот сектор е тој што треба да испорачува услуги. Всушност, институциите се тие што треба да ги испорачаат, а граѓанскиот сектор е тука да нуди решенија“, рече тој. Осврнувајќи се на студијата за Македонското женско лоби, која е дел од публикацијата, Клековски сугерираше тоа добро искуство да се реплицира и на други теми во секторот, но и надвор од граѓанскиот сектор. „Успехот на МЖЛ се должи на вредностите и тоа на оние што со генерации биле негувани во ова општество“.

На промоцијата зборуваше и претеничката во Собранието на РМ, Ѓулумсер Касапи која се надоврза на студијата за МЖЛ и резултатите постигнати со нивните активности. Промоцијата ја модерираше Александар Кржаловски, прв извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка, и национален лидер на тимот на Цивика мобилитас.
Публикацијата содржи истражување подготвено врз основа на интервјуа со релевантни испитаници активни во значајни мултикултурни мрежи и движења и студија на случај за Македонското женско лоби. Оваа организација ги обедини жените во борба за поголеми права, надминувајќи ги политичките, етничките и верските разлики, и вршејќи силно влијание врз јавните политики преку внесување четири вида родови квоти во изборните закони.

Издавањето на публикацијата е поддржано преку Цивика мобилитас, проекти на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) што ја спрoведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и СИПУ од Шведска.
Заврши проверката на административната усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците на акциските грантови да бидат познати кон средината на јули, по што ќе бидат известени сите пријавени организации.
На 30 март 2015 година, во МЦМС се одржа првиот информативен состанок со добитниците на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас.