Искачување на Солунска Глава по повод годишнината од обележувањето на патеките
На првата годишнина од одбележувањето на планинарските патеки на Јакупица и врвот Солунска Глава, овозможено со проектот Планинска служба Азот на Цивика мобилитас, амбасадорката Сибил Сутер Тејада во саботата, на 20 јули 2019 година го посети Планинарското друштво „Чеплес“ и се приклучи на искачувањето до Солунска Глава (2540 метри).

За време на посетата, амбасадорката дозна за предизвиците со кои се соочуваат локалните планинари за да ја гарантираат безбедноста на алпинистите, планинарите и планинските велосипедисти во посета на Јакупица. Нивниот ангажман е волонтерски.
Ситуацијата на планинарските патеки до Солунска Глава сега е подобра благодарение на финансиската поддршка од Швајцарија која преку Цивика мобилитас беше обезбедена и за Федерацијата на планински спортови на Северна Македонија. Федерацијата подготви и усвои регулатива и процедури за категоризација, поставување и одржување на патеки, влијаеше на јавноста за потребата од безбедни патеки и оспособи кадри за поставување и одржување на патеки.

Цивика мобилитас денес го објави
Улогата на граѓанските организации во решавањето на општествените проблеми, особено на актуелната политичка криза беше главната тема на панелот што се одржа во рамките на Националниот форум на Цивика мобилитас насловен „Време на предизвици“ на 16 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Струга.