Објавен првиот повик од Цивика мобилитас
Цивика мобилитас денес го објави првиот повик за институционални грантови кои им се наменети на граѓанските организации. Институционалните грантови на Цивика мобилитас го поддржуваат процесот на институционален развој / организациско јакнење на избраните грантисти.

Пријавите за овој повик се поднесуваат преку формуларот за пријавување, а сите обрасци се достапни на http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/formulari
Големината на грантовите на годишно ниво ќе биде помеѓу 15.000 и 40.000 швајцарски франци по грант. Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на адресата: poddrska@civicamobilitas.mk, најдоцна до 10.01.2015 г. Краен рок за поднесување на пријавите е 26 јануари 2015 г., до 16 часот до кога треба да бидат примени сите пријави.
Цивика мобилитас ќе одржи неколку информативни сесии за овој повик, во периодот од 15-19.12.2015 година и тоа во: Струмица (15), Штип (16), Скопје (17), Битола (18) и Гостивар (19). Конечниот распоред како и времето на одржување на сесиите ќе биде објавен на http://civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-ins-01/info-sesii.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
Објавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.