Аплицирај за учество во менторската програма на Цивика мобилитас
Дали сакаш да бидеш дел од Цивика мобилитас и при тоа да соработуваш со институционалните грантисти на програмата? Дали ги имаш потребните квалификации за да станеш ментор за организациски развој? Тогаш овој повик е за тебе.
МОР- Менторство за организациски развој е дел од програмата за градење капацитети која ќе ги формира менторите на Цивика мобилитас. Менторите ќе обезбедат поддршка за новата генерација на институционални грантисти (2019-2022) при разработувањето и спроведувањето на Плановите за организациски развој (ПОР).
Потенцијалните ментори кои ќе учествуваат во програмата за организациски развој, ќе научат да им помогнат на грантистите при спроведувањето на ПОР преку пренесување на знаење и вештини, како и преку градење на чувството на сопственост кај грантистите за процесот на планирање и резултатите од него.
Зошто да бидеш дел од менторската програма на Цивика мобилитас?
- Ќе посетуваш интерактивна експериментална програма: ќе ги разберете и вградите теоретските концепти, адаптирајќи ги и применувајќи ги во секојдневни ситуации;
- Ќе станете вешт ментор: ќе добиете поголема самодоверба преку искуство, а ќе бидете водени и обучени од интернационален експерт на Цивика мобилитас;
- Во иднина, ќе можете да ги употребувате стекнатите вештини: многу организации од граѓанскиот, приватниот и јавниот сектор имаат потреба од менторство;
- Цивика мобилитас ќе ги покрие твоите трошоци за учество во фазите на градење на вештини и знаење;
- Ако бидеш избран за ментор во наредната фаза, ќе добиеш финансиска и професионална поддршка за да работиш со грантистите на Цивика мобилитас при развојот и спроведувањето на нивните ПОР;
Апликантите можат да аплицираат до 17 Мај, 2019 година, најдоцна до 16 часот, на оваа е-маил адреса: mod@civicamobilitas.mk
Преземи Водич за апликантите и Образец за пријава.

„Семејството на грантисти на Цивика мобилитас, од денес се зголеми за 22 нови членови и сега брои вкупно 115 организации“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на денешната промоција на новите акциски, мали и ад хок грантисти на Цивика мобилитас.
„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.
Што значи и зошто е важна мобилизацијата на заедницата, која е целта, мотивот и каква е улогата на граѓанските организации? Овие прашања беа само дел од воведните излагања и дискусиите кои се развија на тематскиот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 13 октомври 2016 година во Едукативниот центар М6 во Скопје.