Доделени седум нови мали грантови за граѓанските организации
Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 1 јули до 30 септември 2021.
Беа доставени 41 апликација, од кои седум организации се добитници на мал грант, и тоа:
- Организација за домување и станари ОДС со проектот „Младите и правото на домување“;
- Здружение на граѓани РУБИКОН Скопје со проектот „Поддршка на деца во конфликт со Законот“;
- Сојуз- Национален совет за родова рамноправност со проектот „Силни женски организации, силна општина, силно општество“;
- Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово со проектот „ЕКО ДРОН ПАТРОЛА (Еко Патрола со безпилотно возило) – Дигитална + Зелена Трансформација“;
- ЕЈНЏЕЛКАТС САНКТУАРИ со проектот „Преку граѓански активизам до системски решенија за бездомните мачки“;
- Здружение за поддршка интеграција и ресоцијализација на лица во социјален ризик – ЦСИ ЛИНК – Скопје со проектот „Мапирање, советување и упатување на лица под социјален ризик“;
- Планинарски спортски клуб КАБ СТРУГА 2017 со проектот „Да го зачуваме бисерот Охридско Езеро“.
Новите грантисти ќе дејствуваат во секторите за деца, млади и студенти, животна средина и природни ресурси, родови прашања и добро владеење. Акциите ќе се спроведуваат во период од четири до шест месеци, а само една со времетраење од десет месеци.
Избраните организации се од скопскиот, југозападниот и североисточниот регион во РС Македонија и ќе делуваат на локално, регионално и национално ниво.
Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 2.217.000 МКД.

Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор.
Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.