ДВЕ ИНФОРМАТИВНИ СЕСИИ ЗА ПОВИКОТ ЗА СТИПЕНДИИ
Цивика мобилитас ќе одржи две информативни сесии за повикот за мали грантови за стипендии, и тоа во Скопје на 22 јуни 2016 г.(среда) со почеток во 12 часот во просториите на МЦМС и во Битола на 24 јуни 2016 г. (петок) со почеток во 16.30 часот во Порта џез.

Малите грантови за стипендии треба да им овозможат на докторандите да ги спроведат своите задолжителни оригинални истражувања за докторската дисертација со кои ќе соберат, создадат и споделат знаење за поврзаноста и/или улогата на граѓанското општество во една од следните теми/области: родовите прашања, меѓуетничките односи, миграцијата, доброто владеење, децентрализацијата или општо развојот на граѓанското општество; како и нивното практикување во самото граѓанско општество.
Времетраењето на грантовите може да биде од 12 до 24 месеци, а грантот од 100.000 до 200.000 денари. Краен рок за пријавување е 30 јуни 2016 г. до 14 часот (по електронска пошта). Повеќе информации за повикот може да се најдат на: http://www.civicamobilitas.mk/mk/komponenti/2/cm-fel-01.
„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.
Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.