Тематски форум „Граѓаните – учесници во локалните политики“
Цивика мобилитас ви го најавува на тематскиот форум насловен „Граѓаните – учесници во локалните политики“, кој ќе се одржи на 13 ноември (среда) со почеток во 16 часот во гимназијата СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе.
Во фокусот на дискусијата ќе бидат регионалните примери на соработка на локалните самоуправи со граѓанските организации и за учество во политиките на локално ниво од страна на граѓаните. На форумот ќе бидат презентирани примери на соработка и поддршка за прашања како: родово сензитивно буџетирање, младински политики и политики за поддршка на лицата со хендикеп, како и идните перспективи за вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во процесите на носење одлуки.
Преземи АГЕНДА
Говорници:
- Сашо Велковски, градоначалник на општина Свети Николе
- Ели Чакар, Министерство за локална самоуправа
- Ѓунер Небиу, Антико
- Бранкица Димитровска, Хендикеп плус, Крива Паланка
- Драгана Митровиќ, Медиа плус, Штип
Цивика мобилитас ќе ги покрие патните трошоци за учество на овој настан во висина на автобуска карта од соодветното место до Свети Николе.
Настанот е отворен и бесплатен за сите граѓани, а вашето присуство можете да го потврдите на helpdesk@civicamobilitas.mk

Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.
Заврши проверката на административната усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците на акциските грантови да бидат познати кон средината на јули, по што ќе бидат известени сите пријавени организации.