Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог”
Актуелните настани не ставаат пред сериозни предизвици, не само како луѓе од граѓанските организации туку и индивидуално, како граѓани.
Неколку грантисти на Цивика мобилитас иницираа заедничка реакција на последните случувања во кои насилството се заканува да го заземе местото на мирното протестирање и дебатирање.
Во продолжение прочитајте го во целост Повикот и листата на граѓански организации поддржувачи на иницијативата.
Повик за смирување на тензиите и продолжување на широките консултации за тнр. „Француски предлог“
Последните неколку дена се одвиваат настани на кои не можеме и не смееме да останеме неми набљудувачи. Тие задираат во суштината на демократијата и во нашето делување како граѓански организации. Ги поткопуваат мирот и толеранцијата, вредности кои општеството макотрпно ги гради. Вредности во кои е вложен силен напор на сите општествени чинители, институционални и индивидуални. Напор чиј резултат се изградени односи засновани на прифаќање на разликите и заедничка добивка од меѓузависноста. Нашето мултикултурното општество е заштитниот знак на нашата држава и затоа, не смееме да дозволиме никому да ги руши веќе изградените вредности.
Затоа, ние долупотпишаните граѓански организации го осудуваме насилството кое се случи за време на протестите низ кои граѓаните го изразуваат своето несогласување со предлог-преговарачката рамка на ЕУ (тнр. „Француски предлог“) во деловите што се однесуваат на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија. Ги осудуваме сите оние кои свесно или несвесно поттикнуваат насилен развој на протестите. Апелираме до сите вклучени во протестите на одговорно однесување. Бараме од политичките партии јавно да се оградат од ваквите инциденти, а од институциите и граѓаните активно да се заложат за обесхрабрување на учесниците во протестите да прибегнуваат кон насилни дејства. Апелираме до медиумите за професионално и објективно информирање на граѓаните.
Мирните протести се еден од начините на изразување на сопственото мислење. Имањето став и неговото презентирање е демократска придобивка. Иако тој став можеби не е споделен со сите сограѓани – решението не е избегнување и премолчување. Затоа апелираме да продолжи дебатата за „францускиот предлог“ на сите нивоа. Таа да биде сеопфатна, да трае толку колку што е потребно за да се презентираат сите аргументи кои ќе водат до информирана одлука „за“ или „против“ предлогот или преку барање на „меѓу-решенија“.
Мирот и стабилноста, просперитетот и демократијата се одговорност на сите нас, премногу се скапоцени за да им ги препуштиме само на политичките партии.
Граѓански организации поддржувачи на иницијативата:
- Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС
- Здружение на Лезбејки, геј, бисексуалци/ки и трансексуалци/ки ЛГБТ Јунајтед, Тетово
- Хуманитарно здружение за помош и поддршка на лица со посебни потреби „Бравура кооператива“, Делчево
- Центар за одржлив развој на заедницата Дебар
- Здружение на Ромите „Черења“, Штип
- Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците „Достоинствен работник“, Прилеп
- Институт за европска политика (ЕПИ), Скопје
- Здружение за борба против рак БОРКА ЗА СЕКОЈ НОВ ДЕН, Скопје
- Рурална коалиција, Кичево
- Асоцијација за демократска иницијатива (АДИ), Гостивар
- Дијалог Центар за делиберативна демократија, Прилеп
- Организација на жени Лозово
- Здружение ИЗВОР, Кратово
- Здружение за регионален развој БАЛКАН ЕКОНОМИК ФОРУМ, Скопје
- Здружениe за унапредување на земјоделските задруги МАКЕДОНСКА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ЗАДРУГИ
- Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје
- Прва детска амбасада во светот Меѓаши, Скопје
- Институт за истражување на општествениот развој РЕСИС, Скопје
- Ромска асоцијација за жени и млади ЛУЛУДИ, Скопје
- ЗГ Медиа Плус Штип
- Стрип центар на Македонија – Велес
- Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – Заедно посилни, Скопје
Напомена: За сите граѓански организации листата за поддршка на иницијативата е отворена за приклучување преку меил: helpdesk@civicamobilitas.mk
На 22 септември 2015 година, во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, се одржа петтиот
Што значи и зошто е важна мобилизацијата на заедницата, која е целта, мотивот и каква е улогата на граѓанските организации? Овие прашања беа само дел од воведните излагања и дискусиите кои се развија на тематскиот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 13 октомври 2016 година во Едукативниот центар М6 во Скопје.
With paraphrase of the Polio Plus message “Nothing for us, without us”, Petrus Theunisz, international Civica Mobilitas team leader, opened the regional forum in the East and Southeast region, which took place under the motto “Everybody involved, involvement for everybody!” in the Multimedia Center Kanal 77, in Shtip on 7 October 2016.