Можност за поднесување пријави и по електронски пат за Институционални грантови (ЦМ-ИНС-05)

Повикот за Институционални грантови со Реф. бр. ЦМ-ИНС-05 е во тек.
Заради дополнителна заштита од ширењето на вирусот Ковид-19 Цивика мобилитас овозможува доставување на пријавите и по електронски пат.
Доколку некоја од организациите сепак сака да ја поднесе пријавата лично, преку пошта или со курирска служба, ве информираме дека остануваат да важат сите насоки дадени во Водичот за повикот Реф. бр. ЦМ-ИНС-05.
Рокот за доставување на пријавите на било кој од горенаведените начини е 1 јуни 2020г, до 16:00 часот.
Пријавите кои ќе бидат поднесени по електонски пат треба да бидат испратени до адресата: aplikacija@civicamobilitas.mk со назнака: „Јавен повик за Институционални грантови Реф. бр. ЦМ-ИНС-05“. Датумот и часот на пристигнување на електронската пошта ќе се смета за релевантен доказ за поднесување на пријавата во зададениот рок. Апликантите ќе бидат известени за приемот на пријавата со повратен одговор на нивната електронска порака.
Пријавите пратени по електронска пошта мора да бидат испратени во една порака која во прилог ќе ги содржи следните документи:
- Пополнет Образец за пријава
- Скенирана верзија од Изјавата на апликантот, која е составен дел на Пријавата, дел В.
Изјавата за апликантот треба да содржи име и презиме на правниот застапник (согласно приложената тековна состојба); позиција на правниот застапник; потпис и печат (може и електронски печат и потпис); место и датум;
- Пополнет Прилог 1. – Финансиски план (буџет);
- Скениран Прилог 2. Доказ за правен статус на апликантот (тековна состојба издадена од Централниот регистар на Република Северна Македонија, не постара од шест месеци од денот на објавување на овој повик);
Сите документи треба да бидат доставени и во Word/Excel и во PDF формат (каде што е применливо). Фајловите да се компресираат (намалуваат) во zip формат и големината на компресираниот (намалениот) зип фајл да не надминува 5MB.
Сите информации во однос на целите и очекуваните резултати од повикот, условите за аплицирање, подобните активности и начинот на аплицирање може да ги најдете во Водич за апликантите
Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.
Денес (18 ноември 2014 година), во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше промовирана новата фаза на програмата Цивика мобилитас која им е наменета на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество и ќе трае четири години.