Ден на граѓанските организации 2019
Бидете дел од настанот Ден на граѓанските организации и дојдете во паркот Ибни Пајко и на плоштадот Скендербег на 14 септември (сабота) во 10:00 часот за да се учествувате во многубројните активности кои за вас ги спремија над 80 граѓански организации.
Програмата во младинското, креативното и едукативното катче изобилува со креатвни работилници, обуки и предавања за сите возрасти. Во паркот Ибни Пајко ќе можете да учествувате во мноштво игри и разонодувачки активности.
На платото Скендербег ќе можете одблиску да се запознаете со граѓанските организациии, да поразговарате со нив и да се приклучите кон нивните активности.
Придонесот на граѓанските организации во општеството и заедницата е огромен и „Денот на граѓанските организации“ е одлична можност за граѓаните да се информираат, предложуваат и да се вклучат во иницијативите кои ги предводат здруженијата.


Партиципативноста на истражувањата и анализите кои ги прават граѓанските организации беше главната идеа на работилницата што се одржа на 18 мај 2016 година во просториите на МЦМС во Скопје. На работилницата учествуваа 11 претставници на институционалните грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.