Започна летната турнеја за мониторинг и мотивација на Цивика мобилитас
Тимот на Цивика мобилитас кон крајот на јули започна со серија посети на своите своите грантисти чии проекти се спроведуваат во моментов или веќе завршиле, а чиј број e 208 организации.
Целта на оваа турнеја е одблиску да се види работата на организациите, да се слушнат нивните искуства од проектите како и да дадат препораки кои во иднина можат да и послужат на програмата за нејзино усовршување.

„Разговорот и споделувањето искуства на лице место овозможува да се добијат многу повеќе информации од оние што се презентирани во формалните извештаи. Во нив не е возможно да допреме до човечкиот фактор, подемите и падовите за време на проектот, мотивацијата за работа и преминувањето на препреките,“ – објасни Петруш Тоинес, интернационален тим лидер на Цивика мобилитас.
Посветениот тим на програмата верува дека ова е одличен начин обичните луѓе да разберат за што се залагаат организациите, кои се нивните постигнувања и како тие секојдневно ги менуваат животите на илјадниците граѓани во чие име се борат. За таа цел, оваа турнеја ќе резултира со бројни патувачки приказни кои ќе ѕирнат зад кулисите и ќе ги откријат темелите на граѓанското општество.

Разновидноста на програмата дава можност да се споделат стории од најразлични сфери на животот, од заштита на животната средина до работнички права. „Наше е тие да излезат на виделина, а граѓаните се оние кои се надеваме ќе ги поттикнеме уште пожестоко да се борат за своите права,“ – велат од Цивика.
Улогата на граѓанските организации во решавањето на општествените проблеми, особено на актуелната политичка криза беше главната тема на панелот што се одржа во рамките на Националниот форум на Цивика мобилитас насловен „Време на предизвици“ на 16 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Струга.
Цивика мобилитас ве поканува да учествувате на настаните што ќе ги организира во рамките на „Д-фестивалот“ во Дојран што се одржува од 17 до 19 јули 2015 година.