Започна административната проверка на пријавите за акциски грантови
На првиот повик за акциски грантови во новата фаза на Цивика мобилитас пристигнаа 131 пријави, од кои 123 беа поднесени на последниот ден, а дел и по истекот на рокот. Денес (27.3.2019г.) започна проверката за административна усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците да бидат познати до крајот на април, по што сите пријавени организации ќе бидат известени, а со добитниците ќе бидат склучени договорите.
Повикот за акциски грантови беше објавен на 26 февруари 2019 година, а заинтересираните граѓански организации и непрофитни научно-истражувачки установи имаа можност да ги поднесат нивните пријави до 25 март 2019 година. Информативната сесија за повикот се одржа на 12 март, а истата ја следеа околу 300 претставници на граѓански организации.

Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.
Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.