Наскоро ќе бидат познати добитниците на акциски грантови на Цивика мобилитас
Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.

Пријавените организации се од сите осум плански региони. Најголем број од пријавите се од Скопскиот регион (50), потоа од Пелагонискиот (10), од Полошкиот регион (6), од Североисточниот (5), од Источниот (5), од Вардарскиот (4), од Југоисточниот (3), и и од Југозападен (1). Организациите се активни во најголем дел од стратешките сектори на програмата, на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво, со различни годишни буџети и години на постоење.
Претходно, од 21 до 27 април 2016 г. за подобро информирање на заинтересираните граѓански организации, Цивика мобилитас одржа три информативни сесии и тоа во Скопје, Штип и Охрид. На сесиите учествуваa над 150 претставници на вкупно 114 граѓански организации и други актери.
Кога ќе бидат познати добитниците, ќе бидат известени сите пријавени организации.
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.
Што значи и зошто е важна мобилизацијата на заедницата, која е целта, мотивот и каква е улогата на граѓанските организации? Овие прашања беа само дел од воведните излагања и дискусиите кои се развија на тематскиот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 13 октомври 2016 година во Едукативниот центар М6 во Скопје.
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.