Поддржани мали акции на граѓанските организации

Комисијата за избор на грантови ги оцени апликациите на организациите кои поднесоа концепт во вториот круг од повикот за мали грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).
Добитници на мал грант се шест организации и тоа:
- Здружение Центар за социјални иницијативи „Надеж“ со проектот „Одлучи сама-твој глас, твое право!“
- Здружение на економисти, статистичари и економетричари „Сигма стат“ Скопје со проектот „Финансиска едукација за паметни одлуки“
- Здружение на граѓани „Финанце тхинк“ – Институт за економски истражувања и политики со проектот „Оценка на развојните и буџетските ефекти на изборните програми (економски делови) на политичките партии во Северна Македонија“
- Здружение за едукација, еманципација и остварување на правата на жените „Биди храбра“- Скопје со проектот „Подготвени да ги учиме децата на соживот“
- Здружение за ментално здравје Асоцијација Мисла – Скопје со проектот „Акција за поддршка на менталното здравје“;
- Здружение за зачувување на природните и културните вредности „Базилика“ с.Мешеишта, Дебарца со проектот „Подароци – поткуп или внимание“.
Активностите кои новите грантисти ќе ги спроведуваат се однесуваат на децата, младите, доброто владеење, здравјето и здравствената заштита, како и владеењето на правото.
Проектите ќе се спроведуваат во општините Бутел, Чучер Сандево и Шуто Оризари, додека четири од проектите ќе се спроведуваат на национално ниво.
Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој квартал изнесува 1.952.300 денари.Повикот за аплицирање за мали грантови останува отворен до 30 јуни 2022 г. Концептите може да бидат доставени во кое било време до овој датум. Комисијата за избор на малите грантови ќе носи одлуки на квартално ниво.
Партиципативноста на истражувањата и анализите кои ги прават граѓанските организации беше главната идеа на работилницата што се одржа на 18 мај 2016 година во просториите на МЦМС во Скопје. На работилницата учествуваа 11 претставници на институционалните грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.