Цивика мобилитас ги промовираше последните 24 грантисти
Цивика мобилитас денес (22 декември 2017 година) во х. Арка во Скопје ги промовираше новите мали и ад хок грантисти. „Денес ги доделуваме последните 24 грантови во оваа фаза на програмата. Во изминатите три години, доделивме 221 грант за 212 организации, осум стипендии е еден грант за практикантство“, рече во своето обраќање Александар Кржаловски, Национален водач на тимот на програмата и прв извршен директор на МЦМС.

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада им ги врачи договорите на грантистите. „Во последните две години видовме големи политички и општествени промени во земјата, секако голем дел од заслугата за нив оди на сметка на граѓанското општество“, рече таа и додаде дека е задоволна што некои од грантистите на Цивика мобилитас беа предводници на тие процеси. Таа потенцираше дека беа вклучувањето на секој граѓанин, општествените и политичките промени немало да се случат. Амбасадорката Сутер Тејада исто така објави дека Швајцарија ќе продолжи да го поддржува граѓанското општество и во следните четири години.

Вкупно 7 организации добија мали акциски грантови наменети за поддршка на граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности со вкупен буџет од над 2,7 милиони денари. Планираните активности се насочени кон маргинализирани групи луѓе, кон земјоделците, кон младите во образовниот процес и кон јакнење на свеста на граѓаните во користење на обновливи извори на енергија..
На настанот беа промовирани и 17 ад хок грантисти чиј буџет изнесува над 5,3 милиони денари. Овие организации, низ нивните активности во фокус ќе ги стават миграциите, родовите прашања, јавните финансии, правосудството и човековите права, животната средина, децентрализацијата и учеството на граѓаните во креирање на политики на локално ниво, лицата со хендикеп итн.

Организациите добитници се од Скопскиот, од Југозападниот, од Пелагонискиот, од Североисточниот, од Источниот и од Југоисточниот регион.
Новата поддршката за граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество преку програмата Цивика мобилитас на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) започна во октомври 2014 година и ќе трае до септември 2018 година. Буџетот на програмата изнесува околу осум милиони швајцарски франци.
Заврши проверката на административната усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците на акциските грантови да бидат познати кон средината на јули, по што ќе бидат известени сите пријавени организации.
Миграциите беа носечката тема на десеттиот регионален форум на Цивика мобилитас кој ги опфати вардарскиот и североисточниот регион, а се одржа на 14 јули 2016 г. во Свети Николе. Вкупно 69 претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани беа дел од овој речиси целодневен настан.
Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.