Избрани новите 12 институционални грантисти на Цивика мобилитас
Комисијата за избор на грантови го направи изборот на грантисти од организациите кои поднесоа пријава на третиот повик за институционални грантови на Цивика мобилитас.

Добитници на институционален грант се 12 организации и тоа:
- Х.Е.Р.А. Асоцијација за здравствена едукација и истражување;
- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија;
- Центар за развој на медиуми;
- Женска граѓанска иницијатива АНТИКО;
- Центар за граѓанска иницијатива, Прилеп;
- Мировна акција, Прилеп;
- Фондација за развој на образование и култура АЛБИЗ, с. Сарај;
- КОНЕКТ;
- Совет за превентива против малолетничка деликвенција, Кавадарци;
- Асоцијација на економски истражувачи – СТОУК, Скопје;
- ЗИП Институт за политичко и добро владеење;
- Асоцијација за интернационална мобилизација, Виница.
Новите грантисти дејствуваат во осум различни сектори и тоа најмногу во секторите на доброто владеење (и човекови права) и деца, млади и студенти, но и во секторите за информации и комуникации, децентрализација, родови прашања и здравствена заштита. Најголем дел од грантистите (91 %) дејствуваат на национално, а по една петина дејствуваат и на локално и на регионално ниво. Грантистите доаѓаат од четири региони, најголем број од нив се од скопскиот регион, потоа од пелагонискиот, источниот и вардарскиот регион. Во поглед на искуството, најголем број имаат искуство помеѓу четири и 15 години, вкупно четири се со искуство помеѓу четири и седум години, а една со искуство помеѓу една и три години.
На повикот што беше отворен до 31 октомври 2016 г. беа поднесени 76 пријави за институционален грант, од кои 59 пријави ја поминаа проверката на административна усогласеност и подобност.
Под ова мото се одвиваше регионалниот форум на Цивика мобилитас за полошкиот и скопскиот регион што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 25 октомври 2016 година. Вкупно 62 претставници на граѓански организации, граѓански иницијативи, медиуми и институции разговараа не само за загадувањето кое не е нова вест во двата региони, туку за тоа како да се најдат решенија за загадената почва, вода и воздух.
Цивика мобилитас денес го објави

Цивика мобилитас, денес (17 мај 2016 година) ги промовираше новите 48 грантисти и тоа институционалните грантови за 20 граѓански организации, специфичните акциски грантови за седум граѓански организации, мали акциски грантови за 12 граѓански организации и ад хок грантови за девет граѓански организации.