Работилница за социјален маркетинг
Користењето на социјалниот маркетинг за целите на граѓанските организации беше главната идеа на воведната работилница на оваа тема што се одржа на 20 и 21 април 2016 година во Скопје. На работилницата учествуваа дваесетина претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Учесниците се запознаа со концептот на социјалниот маркетинг и стратегиите за социјален маркетинг, споделија свои но имаа можност да видат и туѓи искуства во оваа област. Во помали групи, тие работеа на развивање план за социјален маркетинг. Фокусот беше ставен на формулирањето на стратешките цели од кои понатаму се развиваше целиот план.

Беа развивани планови за мобилизирање на активни волонтери кои ќе бидат вклучени во работата на организацијата; за мобилизирање финансии за програма наменета за психосоцијална поддршка на жените болни од рак; за брендирање на органска храна; за зголемување на свеста кај работодавците за вработување на лица со хендикеп итн.
„Нашата намера беше да почнете да размислувањет на овој начин за дел од вашите активности“, рече Форестер. „Ова е можност да бидете заедно на едно место, да ги споделите вашите знаења и искуства, а потоа, доколку имате желба да продолжите да развивате заеднички идеи.“

Учесниците изразија задоволство од содржината на работилницата. Тие во концептот препознаа дел од нивните досегашни активности, а подоцна, низ практичната работа, применија дел од работите за кои разговараа.
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.