Почна првиот Национален форум на Цивика мобилитас
Граѓанскиот ангажман и волонтерството се темата на првиот Национален форум на Цивика мобилитас што започна денес во 11 часот во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

„Волонтерството е во фокусот на денешниот ден, затоа што тука е силата за мобилизација на целото граѓанско општество од кое се очекуваат општествените промени“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на отворањето на Форумот.
Од името на Младинскиот културен центар Битола, на присутните им се обрати Златко Талевски. Тој истакна дека МКЦ е долгорочно посветен на развојот на волонтерството во Македонија. „Сакам да му одадам признание на тимот на Цивика мобилитас за организација на овој настан затоа што за прв пат на едно место се собрани сите организации и институции кои работат со волонтери. Зголемувањето на нашата меѓусебна соработка ќе придонесе да се развива волонтерството во Македонија“, реле Талевски и заврши со идејата што го води МКЦ во развивањето на волонтерството: „Волонтерството не е само бесплатна работа, волонтерството креира и развива“.

На присутните им се обратија и Ѓоко Волкановски од Волонтерскиот центар Скопје кој оваа година слави 10 години од основањето и Никица Кусеникова, од Националниот совет за развој на волонтерство.
Форумот се состои од неколку настани посветени на волонтерството (доделување награди за волонтерство, дебата) и саем на општествени промени. Програмата на Националниот форум завршува во 20.30 часот.
Националниот форум Цивика мобилитас го организира заедно со нејзините институционални грантисти: Анима мунди, Меѓаши и Солидарност; акциски грантисти: Црвен крст на град Скопје и Диверзити медиа како и со Волонтерскиот центар Скопје; МКЦ-Битола; Националниот младински совет на Македонија; Национален совет за развој на волонтерството; Сојуз на извидници на Македонија.
Галерија на фотографии од настанот можете да погледнете на следниов линк: https://www.facebook.com/media/set/?set=a.1926838620875284.1073741843.1784697035089444&type=3
Миграциите беа носечката тема на десеттиот регионален форум на Цивика мобилитас кој ги опфати вардарскиот и североисточниот регион, а се одржа на 14 јули 2016 г. во Свети Николе. Вкупно 69 претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани беа дел од овој речиси целодневен настан.
„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.