Ефективно лидерство за институцоналните грантисти на Цивика мобилитас
На 25 ноември 2015 година во просториите на МЦМС се одржа втората работилница за организациско јакнење на институционалните грантисти на Цивика мобилитас. На работилницата учествуваа претставници од управувачките структури и лица кои се директно вклучени во активностите на организацискиот развој и институционалното јакнење на првите 16 Институционални грантисти од програмата Цивика мобилитас.
Работилницата ја спроведе Ана Василаче (Ana Vasilache), меѓународен ексерт на програмата, а имаше за цел да ги подобри знаењата на учесниците за ефективно лидерство. На работилницата, организациите добија знаења и вештини за анализирање на лидерството во нивните организации, како и анализа на нивната ефективност и промените кои треба да се направат за остварување на визијата, мисијата и целите кои организацијата се стреми да ги постигне во насока на остварување на позитивни општествени промени.
Активностите за градење капацитети на институционалните грантисти имаат за цел оспособување на грантистите за поефективно да ги мобилизираат своите конституенти за промовирање на позитивни и мерливи општествени промени; зајакнување на посветеноста на грантистите да промовираат општествени промени и да имаат позитивно влијание на општеството, како и зајакнување на капацитетите на грантистите поефективно да спроведуваат активности за промовирање општествени промени и да имаат влијание во секторите во кои се активни.
На 30 март 2015 година, во МЦМС се одржа првиот информативен состанок со добитниците на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.