Македонија се соочува со галопирачка миграција
Креирање регионални миграциски профили, засилен мониторинг на институциите од што краен производ ќе бидат извештаи и препораки кои ќе влијаат на моменталната состојба, „лобирање“ за промени во образовниот систем со акцент на дисперзираните студии, поттикнување на младинската работа и неформалното образование, сегментирана дебата што ќе ги опфати и адресира сите недостатоци – ова беа некои…
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.
Мобилизирање на заедниците, промоција на граѓанскиот активизам и зајакнување на конституентите на граѓанските организациции беше главната идеа на работилницата што се одржа на 14 јуни 2016 година во Канцеларијата за млади на Општина Центар, Скопје. На работилницата учествуваа деветнаесет претставници на институционалните и акциските грантисти на
Партиципативноста на истражувањата и анализите кои ги прават граѓанските организации беше главната идеа на работилницата што се одржа на 18 мај 2016 година во просториите на МЦМС во Скопје. На работилницата учествуваа 11 претставници на институционалните грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.
Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.