Над 20 одговорени прашања на инфо сесијата за институционални грантови
Над 560 претставници на граѓанските организации ја проследија информативната сесија за повикот за институционални грантови на Цивика мобилитас, од кои 450 ја следеа онлајн. Со овие грантови ќе се поддржат 15 граѓански здруженија наредните три години. Грантовите се наменети за организациско зајакнување и институционалниот развој на здруженијата.

Тимот на Цивика мобилитас детално ја објасни постапката за аплицирање и содржината на пријавата. Учесниците имаа можност да ги разјаснат нивните недоумици и на самото место да добијат одговори на конкретните прашања во врска со програмата и повикот. Дел од прашањата се однесуваа на тоа каков тип активности придонесуваат кон институционален развој и организациско јакнење; дали активностите на организацијата во странство можат да бидат поддржани од овој грант; дали има ограничувањата во врска со финансирањето на бруто платите на вработените; дали ќе постои даночно ослободување на проектот итн.
Сите поставени прашања за време на информативната сесија ќе бидат одговорени и објавени на е-платформата на Цивика мобилитас.

Повикот за институционални грантови беше отворен на 3 мај 2019 година. Рокот за поднесување на пријавите е 3 јуни 2019 година. За прашања поврзани со повикот, организациите можат да контактираат со канцеларијата на Цивика мобилитас најдоцна до 20 мај 2019 година на телефон 02/3065 381 или на е-пошта: helpdesk@civicamobiltas.com
Предложените активности треба да траат најмногу 36 месеци. Големината на грантовите ќе биде помеѓу 3.000.000 и 4.500.000 денари, а расположливиот вкупен износ за повикот е 67 милиони денари.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.
Под ова мото се одвиваше регионалниот форум на Цивика мобилитас за полошкиот и скопскиот регион што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 25 октомври 2016 година. Вкупно 62 претставници на граѓански организации, граѓански иницијативи, медиуми и институции разговараа не само за загадувањето кое не е нова вест во двата региони, туку за тоа како да се најдат решенија за загадената почва, вода и воздух.
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.