Повик за апликации за институционални грантови
Граѓанските организации можат да се пријават на повикот за институционални грантови на Цивика мобилитас најдоцна до 3 јуни 2019 година, во 16 часот.

Институционалните грантови се наменети да го поддржат институционалниот развој (ИР) и организационото јакнење (ОЈ) на индивидуални граѓански организации. Цивика мобилитас очекува институционалните грантисти да заземат лидерски позиции во граѓанското општество во земјава, да бидат проактивни, да преземат и да водат иницијативи за соработка и обединување на други граѓански организации.
Во предлозите за институционален грант, апликантите треба да демонстрираат способност за спроведување на најсоодветните ИР/ОЈ процеси за надминување на нивните институционални и организациски предизвици и подобрување на своите перформанси за придонес (преку нивните програми) кон целите и резултатите на Цивика мобилитас и други иницијативи за развој на граѓанското општество во земјава.
Институционалните грантовите во овој повик ќе бидат обезбедени за период до најмногу 3 години (36 месеци), а големината на грантот треба да биде помеѓу 3.000.000 и 4.500.000 денари. Се очекува на овој повик да се доделат 15 грантови.
Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 20 маj 2019 г.
Цивика мобилитас ќе одржи информативна сесија на 10 мај во Скопје. За подетални информации околу неа, како и за други информативни сесии, следете ја веб страната на Цивика мобилитас.
Целиот оглас можете да го видите на: https://civicamobilitas.mk/povici/cm-ins-04/
Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.