Започна административната проверка на пријавите за акциски грантови
На првиот повик за акциски грантови во новата фаза на Цивика мобилитас пристигнаа 131 пријави, од кои 123 беа поднесени на последниот ден, а дел и по истекот на рокот. Денес (27.3.2019г.) започна проверката за административна усогласеност и подобност на пријавите. Се очекува добитниците да бидат познати до крајот на април, по што сите пријавени организации ќе бидат известени, а со добитниците ќе бидат склучени договорите.
Повикот за акциски грантови беше објавен на 26 февруари 2019 година, а заинтересираните граѓански организации и непрофитни научно-истражувачки установи имаа можност да ги поднесат нивните пријави до 25 март 2019 година. Информативната сесија за повикот се одржа на 12 март, а истата ја следеа околу 300 претставници на граѓански организации.

„Импресионирана сум од големиот број луѓе што ги гледам овде, бидејќи тоа е јасен индикатор дека Цивика мобилитас расте“, рече амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Сибил Сутер Тејада на отворањето на втората по ред средба за вмрежување на Цивика мобилитас што се одржа на 15 ноември 2016 година во хотелот Дрим во Стуга.