Нов повик за акциски грантови на Цивика мобилитас
Од денес до 10 мај (во 16 часот) 2016 година, граѓанските организации како и непрофитните научно-истражувачки установи можат да се пријават на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас.
Акциските грантови на Цивика мобилитас ги поддржуваат граѓанските организации кои сакаат да ги промовираат нивните каузи и активности, а кои вклучуваат оспособување на нивните конституенти; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени.
Времетраењето на активностите од овој повик треба да биде помеѓу 12 и 24 месеци, а големината на грантот треба да биде помеѓу 1.000.000 и 2.000.000 денари.
Заинтересираните може да ги испратат своите прашања по писмен пат на: helpdesk@civicamobilitas.mk најдоцна до 30 април 2016 г.
Цивика мобилитас ќе одржи информативна/и сесија/и за овој повик. Следете ја веб-страницата на Цивика мобилитас како и страницата на Фејсбук и информирајте се за евентуалните промени.
Третата работилница за организациско јакнење на првите 16 институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 25 февруари 2016 година во просториите на МЦМС. Целта на работилницата беше учесниците бидат воведени во процесот на подготовка на План за организациски развој.