Во март ќе бидат познати првите грантисти на Цивика мобилитас
Заврши проверката на административна усогласеност и подобност за пријавите за институционални грантови од програмата Цивика мобилитас. Пријавените организации се од сите осум плански региони и се активни во најголем дел од стратешките сектори на програмата. Меѓу нив има организации активни на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво, а во поглед на искуството, тоа се движи од над 20 години до организации кои се основале минатата година.
Се очекува одлуката на Комитетот за избор на грантови да биде донесена во првата половина на март, по што ќе бидат известени и пријавените организации.
Првиот повик на Цивика мобилитас за институционални грантови побуди голем интерес кај граѓанските организации. На информативните сесии учествуваа 350 организации, над 200 организации се регистрираа за самооценка, а беа поднесени 210 пријави.
Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.