Инфографици: Државно финансирање на ГО во 2021 година
Државната поддршка за граѓанските организации е еден од клучните елементи за обезбедување на финансиска одржливост на граѓанското општество. Во развиените демократски земји, финансиската поддршка за ГО е доминантно обезбедена преку директно финансирање од буџетот на земјите, додека во Македонија, и покрај декларативната заложба на Владата за поддршка на граѓанскиот сектор, во пракса постои недостаток на политичка волја за таквата поддршка и одржливост.
Во продолжение погледнете ги инфографиците кои се однесуваат на приходите на граѓански организации од државно финансирање на централно ниво и највисокиот и најнискиот доделен грант од државно финансирање на централно ниво за 2021 година.
Инфографик: Приходи на граѓански организации од државно финансирање на централно ниво за 2021 година
Вкупно 4% од приходите на граѓанските организации во 2021 година биле од државата, односно од централниот буџет. Државното финансирање паднало за 1% во однос на 2020 година и изнесува 5,02 милиони евра. Гледано по буџетски корисници, особен пад има кај средствата доделени од Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика.
Да се потсетиме, во Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2022-2024, Владата се обврза учеството на државното финансирање во приходите на граѓанските организации да биде 20% во 2022г., 25% во 2023г. и 30% во 2024г.

Инфографик: Највисок и најнизок доделен грант од државно финансирање на централно ниво за 2021 година.
Во 2021 година најнизок доделен грант за граѓанско здружение од централниот буџет изнесува само 13.760 денари и го доделило Министерството за култура. Додека, највисокиот доделен грант изнесува 12.180.000 денари и го доделил Министерството за труд и социјална политика на Националниот сојуз на слепи.
Во Македонија, за жал отсуствува суштинска финансиска поддршка за развој на граѓанските здруженија регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации. Разликите во финансиските средства алоцирани за граѓанските здруженија и оние за федерациите и националните сојузи се доказ за таквата ситуација.
Застапуваме за реформа во државното финансирање на граѓанските организации!

Денес (18 ноември 2014 година), во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше промовирана новата фаза на програмата Цивика мобилитас која им е наменета на граѓанските организации и другите актери на граѓанското општество и ќе трае четири години.