Избрани се добитниците на акциските грантови на Цивика мобилитас
Петнаесет организации се во процес на потпишување на договорите откако беа селектирани и избрани на повикот за акциски грантови на Цивика мобилитас што беше отворен на 22 април 2015 година.
Добитници на грантови се:

На првиот повик за акциски грантови пристигнаа 113 пријави од организации од повеќето плански региони, активни на локално, регионално, национално и на меѓународно ниво.
Информативната сесија за повикот се одржа во мај и на неа учествуваа над 100 заинтересирани претставници на граѓански организации.
Новите четири специфични акциски грантисти на Цивика мобилитас, се состанаа на 11 април 2016 година и разменија информации за истражувачко-развојните акции. Од страна на тимот на Цивика мобилитас беа презентирани намената, приоритетите и очекувањата од овие и од трите претходно одобрени грантови, како и договорните права и обврски и процесот на склучување договор.