Доделени три нови мали грантови за граѓанските организации
Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02) во периодот од 1 април до 30 јуни 2021.
Беа доставени 66 апликации, од кои три организации добија мал грант, и тоа:
- Здружение на граѓани Центар за животна средина и одржлив развој Богданци со проектот „Воспоставување на механизам за подобрена соработка помеѓу општина Богданци и граѓаните“;
- Здружение за култура и уметност „Арт-Манија“, Куманово со проектот „Доба на неразум“;
- Здружение Центар за иновации и развој „Инос“ Прилеп со проектот „Истражувај на тема „Корона вирус – тест за дигиталното општество“;
Новите грантисти ќе дејствуваат во секторите за развој на граѓанско општество, добро владеење и образование, наука и истражување. Од нив, две акции ќе се спроведуваат во период од четири месеци, а една со времетрање од шест месеци.
Избраните организации се од југоисточниот, североисточниот и пелагонискиот регион во РС Македонија и ќе делуваат на локално, регионално и национално ниво.
Вкупната поддршка на Цивика мобилитас за овие мали акциски грантови е 958.000 МКД.
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.