Доделени последните пет ад-хок грантови за справување со КОВИД-19

Комисијата за избор на грантови ги оцени 38-те концепти кои граѓанските организации ги поднесуваа од 15 до 30 април на вонредниот повик за ад хок грантови на Цивика мобилитас (ПЦМ-АДХ-02) за справување со пандемијата Ковид-19. Од отворањето на повикот, пристигнаа вкупно 100 пријави.
Добитници на ад-хок грант од вториот круг се пет организации и тоа:
- Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, кое ќе спроведе хуманитарна акција за луѓето и децата кои употребуваат дроги, како и сексуалните работници и нивните семејства;
- Здружение за развој на ромската заедница во Македонија „Сумнал“ Битола ќе креира виртуелна училница за да може онлајн да се реализира наставата за учениците Роми од прво до петто одделение;
- Кризен центар „Надеж“, кое ќе обезбеди психосоцијална помош и поддршка и правно советување на жртви на семејно насилство;
- Здружение за заштита на животните и животната средина „Еднаквост, достоинство, емпатија, натурализам“, кои ќе подготват 500 вегански оброци за социјално загрозените и маргинализираните категории граѓани;
- Здружение на граѓани „Рубикон“ Скопје ќе придонесе да се подобри грижата за децата без родители и родителска грижа во малите групни домови за време на кризата преку едукација на стручните работници.
Новите грантисти дејствуваат во четири различни сектори и тоа маргинализирани заедници, образование, човекови права и деца, млади и студенти. Од нив, две делуваат на локално ниво, две на регионално и тоа во Скопски, Источен, Вардарски и Пелагониски регион; а една организација ќе делува на национално ниво. Вкупниот буџет на овие ад-хок акции изнесува речиси половина милион денари (486.031 МКД).
На 30 март 2015 година, во МЦМС се одржа првиот информативен состанок со добитниците на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас денес го објави