Нови методи за само-одржливост на граѓанските организации
Иновативниот пристап за одржливост на граѓанските организации (ГО) беше тема на дводневната работилница на Цивика мобилитас (ЦМ), што се одржа во Маврово, на 28 и 29 ноември 2022 година. Работилницата ја спроведоа меѓународни и локални експерти, предводена од Сајмон Форестер, меѓународен клучен експерт на ЦМ и Натан Коешел, директор на Каталист Балкан.
Дваесет претставници од грантистите на ЦМ добија теоретско и практично знаење поврзано со иновативните начини за генерирање фондови и одржливост на ГО.

На работилницата се дискутираа моделите и обрасците за генерирање фондови кои водат кон поодржливи ГО. Дел од програмата беа моделите за донации, peer-to-peer моделот, моделот за членство, crowdfunding и сл. Преку групна работа, учесниците имаа можност да се запознаат со Канвас моделот, модел кој се користи за сеопфатно планирање на клучните партнери, ресурси, активности, врски и сл. за поорганизиран пристап за генерирање фондови.

Учесниците изразија интерес за примена на некои од новите начини за генерирање фондови. Тие истакнаа дека е од голема важност ГО да посветат внимание на оваа тема со цел да ги надминат традиционалните рамки за генерирање на фондови. Покрај големиот интерес за работилницата, учесниците посочија дека во иднина почесто им се потребни ваквиработилници и обуки со цел поквалитетно учење кое ќе може полесно да го применат во секојдневното функсионирање на нивните организации.
Работилницата „Иновативниот пристап за одржливост на граѓанските организации“ е дел од Програмата за учење на Цивика мобилитас.

„Семејството на грантисти на Цивика мобилитас, од денес се зголеми за 22 нови членови и сега брои вкупно 115 организации“, рече Александар Кржаловски, прв извршен директор на МЦМС и Национален лидер на тимот на Цивика мобилитас на денешната промоција на новите акциски, мали и ад хок грантисти на Цивика мобилитас.
На 22 септември 2015 година, во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, се одржа петтиот
Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.