ДОДЕЛЕНИ ЧЕТИРИ НОВИ МАЛИ ГРАНТОВИ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Комисијата за избор на грантови ги оцени концептите кои организациите ги поднесоа на повикот за мали акциски грантови на Цивика мобилитас (ЦМ-МАК-02).
Во текот на шестиот квартал, односно од 01.10.2020 до 31.12.2020 беа доставени вкупно 58 апликации, од кои четири организации се добитници на мал грант.
Добитници се следните организации:
- Здружение на граѓани Центар за Управување со Знаење Скопје со проектот „Надминување на јазот во дигиталните вештини на државната и јавната администрација (е-Администрација)“;
- Здружение за заштита и одржлив развој на животната средина РЕГИОНАЛЕН ЗЕЛЕН ЦЕНТАР Охрид со проектот „Младинско еко лето“;
- Здружение Македонско-Хрватско друштво Тетово со проектот „За чиста и здрава вода, стоп на загадувањето на водата“;
- Друштво за помош на лица со посебни потреби ЗРАК со проектот „Умеам, можам, креирам, творам“.
Проектите на новите грантисти ќе се однесуваат на деца, млади и студенти, родови прашања, образование, наука, истражување и животна средина.
Избраните организации се од различни региони во Р.С.Македонија односно од скопскиот, полошкиот, југозападниот и вардарскиот и истите за прв пат се грантисти на програмата Цивика мобилитас. Акциите ќе се спроведуваат на локално, регионално и национално ниво во период од шест до девет месеци.
Вкупниот буџет на поддржаните акции во овој повик изнесува 1.226.100 денари.
Миграциите беа носечката тема на десеттиот регионален форум на Цивика мобилитас кој ги опфати вардарскиот и североисточниот регион, а се одржа на 14 јули 2016 г. во Свети Николе. Вкупно 69 претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани беа дел од овој речиси целодневен настан.