Излезе првиот број на „Граѓаните за промени“
Цивика мобилитас денес го објави првиот број од списанието „Граѓаните за промена“ гласник на програмата но и на целото граѓанско општество. Списанието им е посветено на граѓаните како корисници на услугите на граѓанските организации но, исто така и како иницијатори и учесници во општествените промени.
„Граѓаните за промена“ има амбиција да биде нова точка во која ќе се собираат и од која ќе се дистрибуираат информациите за граѓанското општество и за темите релевантни за него, место каде ќе ги споделиме анализите, дилемите и дискусиите за важните прашања за функционирањето на граѓанското општество.
Првиот број опфаќа период од шест месеци, а следните изданија ќе бидат квартални. Списанието ќе се подготвува и објавува на македонски, албански и на англиски јазик и ќе има само електронска верзија.
Ова е најава но, и повик до сите колеги од граѓанскиот сектор и пошироко, да бидат дел од „Граѓаните за промена“. Читајте и коментирајте. Да ги споделиме информациите затоа што тие вредат тогаш кога ќе стигнат таму каде што е потребно.
Погледнете го магазинот на соодветниот јазик:

Под ова мото се одвиваше регионалниот форум на Цивика мобилитас за полошкиот и скопскиот регион што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 25 октомври 2016 година. Вкупно 62 претставници на граѓански организации, граѓански иницијативи, медиуми и институции разговараа не само за загадувањето кое не е нова вест во двата региони, туку за тоа како да се најдат решенија за загадената почва, вода и воздух.
Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.