Работилница за градење капацитети
Првата работилница за градење капацитети на третата генерација институционални грантисти на Цивика мобилитас се одржа на 24 март 2017 година во просториите на хотел Арка. На работилницата учествуваа претставници од управувачките структури и лица кои се директно вклучени во активностите на организацискиот развој и институционалното јакнење.

Меѓународниот експерт Ана Василаче ги објасни чекорите кои им претстојат на организациите и исто така го презентираше процесот на учење преку делување (Learning by doing process).
Претставниците на организациите имаа можност да се запознаат меѓусебно и да добијат подлабоко знаење за текот на програмата на Цивика мобилитас. Она што им беше потенцирано на учесниците е дека учењето и споделувањето како основа за растење и зајакнување на организациите е многу важно особено што очекувањата се, така создадената критична маса, да придонесе за општествени промени. Беше истакнато и дека искуството на организациите како и добрите пракси може да се користат како ресурс во меѓусебното надградување.
Преку визуелно претставување на животниот циклус на организацијата, учесниците направија самооценка и ги одредија фазите во кои се наоѓаат. Ова преставуваше ефикасен начин за идентификување на проблемите кои организациите ги претрпуваат, како и дополнителен мотив тие да бидат надминати преку стратешко планирање.

Со грантистите беа споделени и досегашните искуства и резултати од институционалните грантисти од претходните два повика. „Сите сме тука за да се поддржиме едни со други,“ истакна меѓународниот тим лидер, Петруш Тоинес. Тој ја истакната важноста на видливоста на Цивика мобилитас и доброто презентирање на постигнатите резултати. Исто така потенцираше дека последната генерација на грантисти ќе имаат најкраток временски рок за да ја остварат својата цел, заради што, од нив ќе бара поголема ефикасност.
Ова беше првата од трите работилници на кои ќе присуствуваат грантистите. Наредната која ќе се одржи во јуни ќе биде на тема Работење како еден – индивидуална акција, колективна сила. Последната работилница која ќе се одржи во септември ќе се однесува на Работење заедно за општествени промени.
Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.
Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.