Оглас за две работни места – Цивика мобилитас
МЦМС распишува оглас за две работни места во програмата Цивика мобилитас:
- Соработник за проекти за набљудување и оценка
- Соработник на проекти за истражување и анализа
Работните задачи за соработник за проекти за набљудување и оценка се состојат од:
- Раководење со проектен циклус кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
- Набљудување и оценка на достигнувањата на грантистите и општо на програмските активности;
- Координација и следење на спроведување на програмските индикатори;
- Известување за достигнувања на програмата кон донаторот;
- Комуникација со целната група на проектите, добавувачи и др.
Работни задачи за соработник на проекти за истражување и анализи:
- Раководење со проектен циклус кој ги опфаќа сите фази вклучително и спроведување проектни активности, наративно и финансиско известување, следење и оценка;
- Анализа на контекстот релевантен за граѓански организации;
- Истражување и анализи за развој на граѓанско општество;
- Содржински придонес во следењето на индикаторите на програмата;
- Координација на настани во програмата: форуми, средби за вмрежување.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Најмалку пет години работно искуство на проекти за граѓанското општество;
- Познавање процедури за раководење на проекти на странски донатори ќе се смета за предност;
- Основни познавања за работата на МЦМС;
- Комплетирано високо образование или најмалку 10 години релевантно работно искуство;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик, познавање на албанскиот јазик ќе се смета за предност;
- Познавање на административно и канцелариско работење;
- Докажана способност да работи со компјутери, пред сѐ одлично познавање на програмите од пакетот на Мајкрософт офис;
- Возачка дозвола: Б категорија.
Кандидатите треба да ги поседуваат следните вештини и способности:
- комуникација (усна и писмена);
- брзо прифаќање и прилагодување кон нови задачи;
- тимска работа во мултикултурно опкружување;
- извршување повеќе задачи истовремено и за испорака во кратки рокови;
- работа на терен (надвор од канцеларија).
Кандидатите кои ќе ги исполнат горенаведените критериуми ќе се избираат со претходна проверка на знаењата. Одреден број кандидати ќе бидат поканети на интервју.
Кандидатите треба да ги достават следниве документи на македонски јазик:
- пријава на оглас за работа;
- биографија (ЦВ);
- мотивациско писмо (до 1 страница);
- потврда за завршено образование.
Работниот однос е на определено време од три години. Работното време изнесува 40 часа во работната недела, поделено во пет работни дена. Работните часови за полно работно време се 8 часа и тоа со почеток од 7 до 9 часот наутро и завршување од 15 до 17 часот, соодветно, секој работен ден.
Предвидената нето плата за огласените работни места изнесува околу 35.000 денари, а точниот износ ќе се утврди врз основа на работното искуство на кандидатот и описот на работни задачи.
Конкурсот е отворен до 7 август 2019 г., до кога треба да се достави пријавата за работа на е-пошта: oglaszarabota@mcms.mk или во просториите на МЦМС.
Работодавач е: Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), ул. Никола Парапунов бр. 41а, Скопје, тел. 02/3065-381. Лице за контакт е Борче Јакимовски.
Изборот ќе се изврши во рок од 30 дена по истекот на рокот за пријавување. Рокот за избор може да се промени врз основа на пријавениот број на кандидати.
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.
Со парафразата на пораката на Полио плус, „Ништо за нас, без нас“, Питер Тоинес, националниот тим лидер на Цивика мобилитас, го отвори регионалниот форум за источниот и југоисточниот регион што се одвиваше под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите!“ во Мултимедијалниот центар Канал 77, во Штип на 7 октомври 2016 година.
Цивика Мобилитас во текот на месец мај ја заврши проверката на административниот квалитет и на подобноста на пријавите за вториот повик за акциски грантови под број ЦМ-АКТ-02. На повикот што беше отворен од 15 април 2016 година до 10 мај 2016 година беа поднесени вкупно 84 пријави.