Ефективното лидерство – клуч за успехот на грантистите на Цивика мобилитас
Различните модели за постигнувње на ефективно лидерство беa главната тема на работилницата за организациско јакнење која се одржа на 20 јуни 2017 година во хотелот Арка во Скопје.

На работилницата учествуваа 18 претставници на управувачките структури и лица кои се директно вклучени во активностите на организацискиот развој и институционалното јакнење на третата генерација институционални грантисти на Цивика мобилитас.
Работилницата ја спроведе Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата. Таа ги презентираше моделите на заедничко работење, со чија помош учесниците полесно го анализираа лидерството во сопствените организации, а добија знаење и вештини за да направат промени за остварување на мисијата на нивните организации.

Анализата на сопствените организации учесниците ја оценија како најкорисна бидејќи на практичен начин успеале подобро да го разберат моделот на работа кој можеби несвесно го применувале досега.
Преку активностите за градење капацитети, институционалните грантисти се оспособуваат да поттикнуваат, промовираат и остваруваат позитивни општествени промени.
Регионалниот форум за соработка на граѓанските организации и активисти од Плагонискиот и Југозападниот регион се одржа 24 јуни 2016 година, во Порта Џез- Битола како дел од програмата на 15-тот издание на фестивалот „Битола отворен град 2016“.
На 30 март 2015 година, во МЦМС се одржа првиот информативен состанок со добитниците на институционални грантови од програмата Цивика мобилитас.
Миграциите беа носечката тема на десеттиот регионален форум на Цивика мобилитас кој ги опфати вардарскиот и североисточниот регион, а се одржа на 14 јули 2016 г. во Свети Николе. Вкупно 69 претставници на граѓански организации, општини, граѓани и други заинтересирани беа дел од овој речиси целодневен настан.