Работилница за социјален маркетинг
Користењето на социјалниот маркетинг за целите на граѓанските организации беше главната идеја на работилницата одржана на 20 април 2017 година. На работилницата присуствуваа 19 претставници на грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

„Со социјалниот маркетинг треба да ги натерате луѓето да направат промени во општеството. Ако сакате вашата кампања да ги натера луѓето или институциите да променат нешто во своето досегашно однесување,тие треба да веруваат во вашата визија исто како што вие верувате во неа, “-рече тој.
Учесниците се запознаа со концептот на социјалниот маркетинг и неговата примена во Македонија, споделија свои но имаа можност да слушнат и туѓи искуства. Тие истакнаа дека најголемата потешкотија со која граѓанскиот сектор се соочува е доаѓањето до податоци за целната група кон која понатаму би ги насочиле своите активности.
Програмата на работилницата имаше и практичен дел којшто се однесуваше на развивање на нацрт план за социјален маркетинг и утврдување на наредните активности за секоја од организациите.

„Ова што го научив сигурно ќе го примениме во наредниот процес на регрутација на нови членови, промоција на настани, основање нови соработки, а ќе послужи и при надградување на внатрешниот капацитет,“ – изјави Стефани Спировска од Младинскиот образовен форум.
Беа развивани планови за развој на младински центар што ќе послужи за сплотување на младите кои се припадници на различни етнички заедници; за едуцирање на здравствените работници за работа со маргинализирани групи како заболените од ХИВ и транссексуалците; за развој на млади професионалци со критичко мислење итн.
Учесниците ја оценија содржината на работилницата како многу корисна и беа согласни дека наредниот чекор е развивање на планот за социјален маркетинг и негова употреба во наредните проекти.
Здружението на новинарите на Македонија, светскиот ден за човекови права 10-ти декември го одбележа со тематски форум на тема: „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“. На настанот учествуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за информатичко општество Марта Арсовска Томовска, Народниот правобранител Иџет Мемети, а во работниот дел свои излагања имаа новинарот Томислав Кежаровски, претседателката на новинарскиот синдикат Тамара Чаусидис, директорката на Советот за етика Марина Тунева, раководителката на програми на МИМ Весна Никодиноска и првиот човек на ЗНМ, Насер Селмани.