Новите акциски грантисти ќе бидат познати во април
Заврши проверката на административната усогласеност и подобност на пријавите поднесени на третиот повик за акциски грантови на Цивика мобилитас. Се очекува добитниците да бидат познати кон средината на април, по што ќе бидат известени сите пријавени организации и ќе бидат склучени договорите.

На третиот повик за акциски грантови пристигнаа вкупно 72 пријави. Две третини од апликантите се регистрирани во скопскиот регион, по пет има од полошкиот, пелагонискиот и североисточниот регион, по три од источниот и југозападниот, додека по два има од вардарскиот и југоисточниот регион. Пријавените се активни во над 15 различни сектори, а на поголем дел од нив примарни сектори им се граѓанското општество, културата, децата, младите и студентите и образованието и науката.
Најголем дел од организациите се активни на национално ниво (70 %). Дел од организациите дејствуваат во рурални средини. Меѓу пријавените има организации кои дејствуваат помалку од една година, но и такви кои се активни над 25 години.
Ова беше последен повик за големи грантови до крајот на спроведувањето на Цивика мобилитас. До сега се спроведоа вкупно осум повици за институционални, акциски и специфични акциски грантови. Беа доделени 75 гранта, а со изборот на грантисти на овој трет повик, вкупниот број на големи грантови ќе ја достигне критичната маса од 100 поддржани граѓански организации.
Досега на повиците во Цивика мобилитас аплицирале над 500 различни граѓански организации, научно-истражувачки установи, медиуми или пак неформални групи граѓани, активни во сите региони и сектори, од локално до меѓународно ниво, од рурални до урбани средини, штотуку формирани и организации кои дејствуваат по неколку децении.
Големиот број пријави на сите повици е одраз на потребите на граѓанските организации, но и на нивната инвентивност за развивање проектни идеи. Разноличноста на пријавените и добитниците на грантови ја покажуваат структурата на граѓанското општество и отвореноста на Цивика мобилитас да му излезе во пресрет на целиот тој дивезитет.
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.
Што значи и зошто е важна мобилизацијата на заедницата, која е целта, мотивот и каква е улогата на граѓанските организации? Овие прашања беа само дел од воведните излагања и дискусиите кои се развија на тематскиот форум на Цивика мобилитас кој се одржа на 13 октомври 2016 година во Едукативниот центар М6 во Скопје.
На 22 септември 2015 година, во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, се одржа петтиот