Работилница за мобилизирање на заедницата
Мобилизирање на заедниците, промоција на граѓанскиот активизам и зајакнување на конституентите на граѓанските организациции беше главната идеа на работилницата што се одржа на 14 јуни 2016 година во Канцеларијата за млади на Општина Центар, Скопје. На работилницата учествуваа деветнаесет претставници на институционалните и акциските грантисти на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

Во помали групи, учесниците планираа национална конференција/форум за мобилизација на заедницата, што би требало да се случи како последователна активност на оваа работилница. Тие изразија задоволство од содржината на работилницата. Во концептот препознаа дел од нивните досегашни активности, а подоцна, низ практичната работа, применија дел од работите за кои разговараа.
„Обукава е од особена важност за мобилизација на што поголем број лица од заедницата“, рече Донка Петровска од ДРОМ – Куманово. „Преку размена на искуства помеѓу граѓанските организации, воочуваме позитивни практики и методологија која ќе ја примениме во нашата организација. Водејќи се од потребите и расположението во средината, а при тоа користејќи ги капацитетите со вклучување на сите засегнати страни можеме да ја подобриме мобилизацијата“, рече таа. За Соња Стојадиновиќ од Левичарското движење – Солидарност, недостатокот на луѓе за спроведување на активностите на граѓанските организации е многу голем. „Самото ангажирање, интересирање и активирање на луѓето за решавање на локалните проблеми е предизвик за активистите и е речиси половина од работата која треба да се заврши за да се постигнат планираните резултати. Идеите и предлог решенијата кои доаѓаат од македонските граѓанските организации заедно со идеите кои доаѓаат од другите земји, се клучни за надминување на овие предизвици“ рече Стојадиновиќ.

На работилницата беа разработени четри клучни области: концептот на мобилизирање на заедницата во рамки на глобалниот контекст; идентификување на клучните прашања поврзани со мобилизирање на заедницата; мобилизирање на заедницата во Македонија; поставување на цели и идеи за содржина на конференција/форум за мобилизирање на заедницата.
Објавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.
На 23 септември 2015 година, во Домот на младите во Штип, се одржа
На 22 септември 2015 година, во просториите на градската библиотека „Браќа Миладиновци“, се одржа петтиот