Работилница за партиципативно истражување и анализа за институционалните грантисти
Партиципативноста на истражувањата и анализите кои ги прават граѓанските организации беше главната идеа на работилницата што се одржа на 18 мај 2016 година во просториите на МЦМС во Скопје. На работилницата учествуваа 11 претставници на институционалните грантистите на Цивика мобилитас, а ја водеше Сајмон Форестер, меѓународен експерт на програмата.

На работилницата беа разработени пет клучни области и тоа концептот на партиципативното истражување; силните и слабите страни; методите и алатките (интервјуа, фокус групи, правење дијаграми/визуелизирање, собирање приказни); примероци и анализа и известување. Учесниците правеа практични вежби за рангирање и оценување. Во помали групи, тие работеа на развивање прашања за партиципативна анализа, споделија свои но имаа можност да видат и туѓи искуства во оваа област.
„Партиципативноста е клучна за процесот на учење, поврзан со градење на капацитети“, рече Форестер. „За развојот да биде одржлив и да промовира самостојност, вклученоста, контролата и одговорноста за тој развој мора да се смета првенствено како дел од тој процес, а не како долгорочна цел“, рече тој.

„На работилницата ги зајакнавме своите знаења за тоа како да добиеме повратна информација од конституентите за истражувањата што ги правиме, како и нивно вклучување во анализата на податоците“, рече Јана Мелоска Петрова од Хелтгрупеф. И другите учесници изразија задоволство од содржината на работилницата. Тие во концептот препознаа дел од нивните досегашни активности, а подоцна, низ практичната работа, применија дел од работите за кои разговараа.
Објавен е третиот и последен повик за институционални грантови во оваа фаза на Цивика мобилитас. Повикот се однесува на граѓански организации кои се регистрирани во Македонија согласно Законот за здруженија и фондации (2010), а ќе биде отворен до 31 октомври 2016 година, до 16 часот кога треба да бидат примени сите пријави, вклучително и оние донесени лично или испратени по курирска служба или по пошта.
Цивика мобилитас ве поканува да учествувате на настаните што ќе ги организира во рамките на „Д-фестивалот“ во Дојран што се одржува од 17 до 19 јули 2015 година.
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.