Промоција на нови 48 грантови на Цивика мобилитас
Цивика мобилитас, денес (17 мај 2016 година) ги промовираше новите 48 грантисти и тоа институционалните грантови за 20 граѓански организации, специфичните акциски грантови за седум граѓански организации, мали акциски грантови за 12 граѓански организации и ад хок грантови за девет граѓански организации.

Амбасадорката на Швајцарија во Македонија, нејзината екселенција Сибил Сутер Тејада ги поздрави присутните и им ги врачи договорите на грантистите. Таа изрази задоволство од тоа што многу од грантистите на Цивика мобилитас се веќе значајни двигатели на промена кои иницираат низа активности кои ги адресираат потребите и интересите на граѓаните. „Граѓанското општество треба активно да биде вклучено во политичкиот идјалог и во развојот на демократските вредности и принципи“, рече таа и додаде дека во последните неколку месеци граѓанското учество расте што е показател на растечкото граѓанско општество. „Овие трендови се веројатно почетни фази, но тие изразуваат многу инспиративни пораки за иднината на државата“, рече амбасадорката Сутер Тејада.

Поддршката за грантистите изнесува околу 87 милиони денари вкупно. Околу 59 милиони денари се наменети за поддршка на институционалните грантисти со која ќе се придонесе за нивниот институционален развој и организациско јакнење. Вкупниот буџет за специфичните акциски грантови изнесува околу 22 милиони денари. Овие грантови се наменети за истражување и развој, информации и комуникации и набљудување, оценка и известување.

Речиси 3,4 милиони денари им се наменети на малите акциски грантисти со кои ќе ги промовираат своите цели во соработка со другите граѓански организации, граѓаните и властите на локално и национално ниво. Вкупниот буџет на ад хок грантистите изнесува околу три милиони денари наменети се за поддршка на неодложните прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија.

И институционалните и акциските грантови треба да ги зајакнат граѓанските организации што ќе ги направи поактивни во ангажирањето за постигнување општествени промени во Македонија, за што се залага Цивика мобилитас.

По промовирањето на грантистите, беше направена подетална презентација на истражувачко-развојните акции за кои се наменети специфичните акциски грантови.
Под ова мото се одвиваше регионалниот форум на Цивика мобилитас за полошкиот и скопскиот регион што се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) во Тетово на 25 октомври 2016 година. Вкупно 62 претставници на граѓански организации, граѓански иницијативи, медиуми и институции разговараа не само за загадувањето кое не е нова вест во двата региони, туку за тоа како да се најдат решенија за загадената почва, вода и воздух.
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.