Промовирани првите мали акциски и ад хок грантисти на Цивика мобилитас
Цивика мобилитас, промовираше девет мали и пет ад хок грантисти, како дел од програмата на Националниот форум што се одржа на 4 декември 2015 година. Сертификатите на грантистите им ги додели вршителот на должност Амбасадор на Швајцарија во Македонија, г-ѓа Катерина Штокер. „Целта е да се создаде критична маса на граѓански организации кои ќе бидат подготвени навремено да ги адресираат проблемите во општеството и со активно учество да ги решат“, рече Штокер.

Малите акциски грантови се наменети за поддршка на граѓански организации кои сакаат да ги промовираат своите цели на локално/национално ниво, а ад хок грантовите, освен на здруженијата и фондациите на располагање им се и на неформални, нерегистрирани групи граѓани за поддршка на итни, неодложни т.н. „горливи“ прашања кои се појавуваат и кои бараат итно внимание и акција на секое ниво на интервенција во Македонија.
Добитници на малите акциски грантови се: Здружение за развој на ромската заедница Сумнал, Скопје за проектот „Јас имам избирачко право!“; Здружение за борба против рак Борка – за секој нов ден, Скопје за проектот „Избирам живот – ресоцијализација на жени после рак на дојка“; Гешталт центар Младен Костиќ Аспекти – Скопје за проектот „Младите помеѓу политичката дихотомија – (со арт експресија) во надминување на ригидноста и говорот на омраза)“; Центар за информативна и логистичка поддршка на граѓаните Нов контакт, Скопје за проектот „Развој преку комуникација“; Здружение Извор, Кратово за проектот „Нова надеж – нови перспективи“; Центар за лековити билки и шумски плодови Амброзија, Берово за проектот „Преку интегрирано делување до намалување на миграциите“; Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство – Глас против насилство, Скопје за проектот „Насилството врз жените и медиумите: Унапредување на техниките за известување и медиумска покриеност на случаи на насилство врз жени“; Здружение за општествен развој, развој на јавните институции и економски развој Институт за развојни студии, Скопје за проектот „Креирање услови за поквалитетно и поефикасно планирање во јавниот сектор“; Македонска асоцијаци ја за човечки ресурси Скопје за проектот „Со различности до напредок“.

Малите акциски грантови имаат вкупен буџет од 3.326.300 денари и вклучуваат оспособување на конституентите на граѓанските организации; јакнење на односите со граѓаните, заедниците и пошироката јавност; како и влијание за постигнување позитивни општествени промени за што се залага и Цивика мобилитас.
Добитници на првите ад хок грантови се: Фондација за развој на локалната заедница Штип за проектот „За спас на паркот во „8 Ноември“; Регионален центар за одржлив развој, Гевгелија за проектот „Помогни и ти!“; Центар за граѓанска иницијатива, Прилеп за проектот „Стоп за поплавите“; Здружение за заштита и унапредување на човековите слободи и права Сведок, Скопје за проектот „Медиумско известување на случаите по кои ќе постапува специјалниот јавен обвинител – Фаза 1, Истрага, Мониторирај и известувај!“; Здружение на Балканските Египќани во Република Македонија, Охрид за проектот „Потребите на граѓаните на прво место.“

Буџетот на одобрените ад хок грантови изнесува 1.913.850 денари, а нивната цел е да стимулираат активно граѓанство, овозможувајќи му да се мобилизира и да ги реши итните општествени прашања по принципот „овде и сега“.
Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).
Запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус беа темите на работилницата што се одржа на 16 јуни 2016 година во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје. На работилницата учествуваа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, а ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата.
Цивика мобилитас, денес (17 мај 2016 година) ги промовираше новите 48 грантисти и тоа институционалните грантови за 20 граѓански организации, специфичните акциски грантови за седум граѓански организации, мали акциски грантови за 12 граѓански организации и ад хок грантови за девет граѓански организации.
Цивика мобилитас, на 5 мај 2015 година ги промовираше првите 16 грантисти во новата фаза на програмата. Добитници на институционални грантови се: Полио плус; Меѓаши; Хелтгрупер самит; ЦОРЗ – Дебар; Солидарност; ИЗБОР – Струмица; ЗНМ; АДИ – Гостивар; Центарот за граѓански комуникации; „Флоренс Најтингел“ – Куманово; Организацијата на жени на општина Свети Николе; Фондацијата за развој на локалната заедница Штип; АНИМА МУНДИ; ЦИВИЛ; КХАМ Делчево и ЦРЗ Кичево.